
Франција синоќа испадна во полуфиналето на Светското првенство откако Шпанија успеа да победи со 2:0 и целосно ги надмудри Триколорите. Со тој пораз, ставена е точка на ерата на Дидие Дешан бидејќи веќе се знае кој ќе биде новиот селектор на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французите пристигнаа на Светското првенство со огромни амбиции, надевајќи се дека по осум години повторно можат да станат светски шампиони, и според многумина беа главни фаворити за златниот медал.
Триколорите изгледаа навистина незапирливо во досегашниот дел од натпреварувањето, но во полуфиналето наидоа на Шпанија која им одржа фудбалска лекција.
Шпанците целосно ја надмудрија синоќа Франција и заслужено победија со 2:0, со што се пласираа во големото финале.
Дидие Дешан го обвини главниот судија за поразот од Шпанија и беше многу лут на прес-конференцијата. Но, веројатно и поради фактот дека неславно ја завршува својата ера на клупата на Франција, бидејќи дојде време за разделба.
Француските медиуми веќе пишуваат наголемо дека е јасно кој ќе биде новиот селектор на Франција, а тоа ќе биде потврдено веднаш по завршувањето на обврските на Триколорите на Светското првенство и откако ќе го одиграат натпреварот за трето место.
Станува збор за Зинедин Зидан кој веќе сè договори со Фудбалска федерација на Франција и ќе потпише повеќегодишен договор. Со тоа ќе се исполни неговата огромна желба, бидејќи веќе со години чека селекторската позиција во Франција.