Дома Фудбал Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но експертите сметаат дека судијата Иван Бартон донесе исправна одлука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото полуфинале на Светското првенство помеѓу Шпанија и Франција донесе и првата голема судиска контроверза.

Шпанија во 22. минута стигна до водство откако Микел Ојарзабал сигурно го реализираше пеналот, но Французите бурно протестираа сметајќи дека пенал не требало да биде досуден.

Сè се случи неколку моменти пред досудениот прекршок на Лукaс Дин над Ламин Јамал во казнениот простор.

Играчите на Франција тврдеа дека младиот шпански репрезентативец претходно играше со рака, поради што од судијата Иван Бартон бараа да ја поништи одлуката за пеналот.

Меѓутоа, по кратката проверка, одлуката остана непроменета, а Шпанија доби можност да поведе.

Според нивното мислење, Јамал не направи прекршок играјќи со рака пред да биде соборен од Дин.

„Тоа е добра ситуација за анализа. Контактот беше на ракавот на Јамал и според правилата, тоа не се смета за дел од раката.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерите го „уловија“: Погледнете ја реакцијата на Мбапе по вториот гол на Шпанија (Видео)

Килијан Мбапе се најде под лупа на јавноста во Франција после појавување на видео кое откр…