Дома Фудбал Дешам веднаш по натпреварот го најде виновникот за поразот од Шпанија

Дешам веднаш по натпреварот го најде виновникот за поразот од Шпанија

Дидје Дешам имаше интересен настап пред новинарите по синоќешниот пораз на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство и јасно покажа кого обвини за таквиот исход.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција за многумина беше главен фаворит за освојување на Светското првенство, но Шпанија синоќа им одржа фудбалска лекција и заслужено победи со 2:0.

Триколорите беа сосем немоќни во дуелот со Црвената фурија во сите сегменти на играта, а во вакво издание не ја видовме Франција навистина долго време.

Јасно е дека поразот тешко им падна на Французите, а особено на селекторот Дидје Дешам, кој на прес-конференцијата изјави дека верува дека главниот судија не бил на висина на задачата во полуфиналето на Светското првенство.

Иако призна дека неговиот тим изгледаше доста лошо на теренот, Дешам на крајот го обвини главниот судија Иван Бартон бидејќи смета дека многу грешеше на штета на неговата репрезентација.

“Играчите се тажни поради поразот, но мораме да бидеме реални и да признаеме дека бевме технички инфериорни вечерва. Нашата е вината, но ќе поставам прашање: ‘Дали судијата беше на нивото на судење за полуфинале?’ Не сакам јас да одговорам на тоа прашање”, рече Дешам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Јамал, ни Родри…кога овој човек е на теренот Шпанија никогаш не губи!

Додека Шпанија се подготвува за големото финале на Светското првенство, јавноста е фасцини…