
ФИФА ја претстави специјалната верзија на топката која ќе биде користена во завршницата на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката се непроменети, новата црно-златна шема веднаш го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на францускиот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред да се приклучи на своите соиграчи, Мбапе зема една од новите топки, неколку секунди внимателно ја анализираше барајќи разлики во однос на верзијата од четвртфиналето, а потоа ја остави на тревата за да го испроба чувството со неколку удари кон голот.
Камерите на „Марка“ го фатија како француската „десетка“ детално анализира редизајнираната топка. Иако техничките и аеродинамичките спецификации се сосема исти, ФИФА сакаше топката да добие специјален, премиум изглед за мечевите во кои се одлучува за медалите.
🚨Мбапе сигурно не ја сака новата топка за Светското првенство за полуфиналето pic.twitter.com/QHXZQPCDGO
— Kalshi Footy (@KalshiFooty) 13 јули 2026