Дома Фудбал Aргентина на врвот, добила најмногу пенали на последните два мундијали!

Aргентина на врвот, добила најмногу пенали на последните два мундијали!

Според официјалните податоци од Светските првенства во Катар пред четири години и тековното во САД, Канада и Мексико, Аргентинската репрезентација добила најголем број пенали.

Имено, во патот до титулата во Катар 2022 година, им беа досудени пет пенали, додека на тековното првенство досега имаат уште три.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веднаш зад Аргентина се наоѓа Англија, која во истиот период добила “само” четири пенали, што е двојно помалку од Аргентинците, имајќи предвид дека одигра две натпревари помалку поради испаѓањето во четвртфиналето против Франција во Катар.

На третото место на оваа ранг-листа се актуелните светски второрангирани Французи, со вкупно три досудени пенали, исто колку што имаат и Португалија и Бразил.

Интересно е дека на тековното првенство драстично падна успешноста при изведувањето пенали (вкупната успешност на турнирот е околу 65%).

За пример, Лео Меси од трите досудени пенали за Аргентина оваа година промаши два (против Австрија и Египет), додека единствениот гол од игра го постигна Лаутаро Мартинез против Јордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе е голем човек: Знаете ли зошто неговите фотографии од Мундијалот не се професионални?

Фудбалерот Мајкл Олисе уште еднаш покажа дека лојалноста и благодарноста се за него поважн…