
Ливерпул продолжува со потрагата по засилување во офанзивниот дел од тимот, а приоритет на клубот сè уште е доведување на Бредли Баркола од Пари Сен-Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, како што стојат работите во моментот, реализацијата на овој трансфер нема да биде нималку едноставна. Францускиот првак засега нема намера да го продаде еден од своите најважни офанзивци, поради што на „Енфилд“ веќе размислуваат за алтернативни опции.
Според информациите кои ги објави talkSPORT, едно од имињата кое се наоѓа на листата на желби на Ливерпул е крилниот фудбалер на Брајтон Јанкуба Минтех.
Mладиот репрезентативец на Гамбија остави одличен впечаток минатата сезона во дресот на „Галебите“, а неговата игра не остана незабележана од страна на скаутите на актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул првично сакаше да го доведе и талентираниот Јан Диоманде од РБ Лајпциг, но тој наводно му дал предност на преминот во Пари Сен-Жермен.
Токму евентуалното доаѓање на Диоманде во Париз може да го покрене целиот ланец на трансфери и да ги отвори вратите за заминување на Баркола.