Дома Фудбал Кин за промашениот пенал на Мбапе: Тој е светска класа, но ова е неправедно

Кин за промашениот пенал на Мбапе: Тој е светска класа, но ова е неправедно

РОЈ КИН (54), легендарниот ирски фудбалер и експертски коментатор, го критикуваше судењето откако Килијан Мбапе чекаше цели три минути и 12 секунди за да го изведе пеналот, во победата против Мароко (2:0) во четвртфиналето на Светското првенство. Долгото чекање, како што изгледа, го исфрлило од баланс францускиот фудбалер, што резултираше во удар кој голманот Јасин Боно лесно го одбрани. Моментот може да го погледнете ТУКА.

Што се случи?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот судија Факундо Тело досуди пенал за Франција по прекршокот на Нузаир Мазрауи над Мбапе. Следеше долготрајна ВАР проверка, а судијата дополнително ја одложи ситуацијатa.

Кога конечно доби можност за удар во 28-та минута, Мбапе беше под своето вообичаено ниво, па мароканскиот голман лесно го одбрани ударот.

Кин: Неправедно е да се чека повеќе од три минути

“Тоа е неправедно”, изјави Киин за ITV. “Повеќе од три минути. Знам дека тоа се играчи од светска класа, но ова е неправедно затоа што станува збор за ситуација со голем притисок. Зошто мора да чека три минути? Тие се играчи од светска класа, но ова не е праведно”, смета легендарниот Ирец.

Согласен со него е и Jан Рaјт (62), исто така поранешен фудбалер и сегашен коментатор, кој сметаше дека долгото чекање му дало на Мбапе предолго време за да размислува.

“Тоа веројатно ве изнесе од концепт. Колку повеќе чекате за изведување на пенал, толку повеќе се прашувате што да направите. Изгледа дека голманите сега успеале да ја надмудрат оваа техника на изведување пенали со паузирање”, изјави поранешниот напаѓач на Арсенал.

Кин додаде: “Времето е непријателот на напаѓачот додека чека. Така му ја враќате предноста на голманот и тимот кој го направил пеналот, а тоа не е правилно.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона добива кредит од 210 милиони евра за купување на нови фудбалери

Барселона доби кредит од 210 милиони евра за да го засили тимот под раководство на новиот …