Дома Фудбал Англија Мурињо: Јанг е фантастичен, промашувањата можевме скапо да ги платиме

Мурињо: Јанг е фантастичен, промашувањата можевме скапо да ги платиме

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар славеа против Вотфорд на гостински терен, но Жозе Мурињо не беше задоволен од играта на екипата.

„Црвените ѓаволи“ во 14 коло од Премиер лигата со 4:2 го совладаа тимот на Вотфорд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Во првото полувреме постигнавме три погодоци, а во второто требаше да постигнеме уште пет или шест со оглед на тоа колку шанси создадовме. Сепак, премногу промашувавме и практично Вотфорд без игра стигна до 2:3. По првиот гол добија голема самодоверба, не смеевме тоа да си го дозволиме. Можеби големо влијание имаше и излегувањето на Матиќ, сепак среќен сум за победата и голот на Лингард“, изјави Мурињо.

Мурињо на крајот посебно го пофали Ешли Јанг кој беше двоен стрелец.

„Минатата сезона покажа дека е кога е во форма е феноменален. Оваа сезона повторно успеа да влезе во добра форма, ни дава стабилност и токму затоа игра се почесто“, заврши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…