Дома Фудбал Бразилската легенда за Анчелоти: Не смее да остане селектор по ова фијаско!

Бразилската легенда за Анчелоти: Не смее да остане селектор по ова фијаско!

Една од најголемите легенди на бразилскиот фудбал, Ромарио, жестоко го нападна тренерот на “Кариоките”, Карло Анчелоти, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство.

Да потсетиме, Бразил загуби од Норвешка со 2:1 во осминафиналето, а Ромарио во својата емисија “Hora dos Craques” истакна дека би му дал отказ на италијанскиот тренер веднаш.

“Би му го раскинал договорот веднаш. По завршување на натпреварот, би влегол во соблекувалната како претседател и би кажал: ‘Фала ти многу, збогум. Нека оди на суд, па да видиме што ќе се случи’, рече Ромарио.

Смета дека Анчелоти не може да остане на чело на бразилската репрезентација по ова катастрофално искуство.

“Не постои шанса Анчелоти да остане селектор на бразилската репрезентација после ова фијаско, оваа срамота која ја направи. Ова го кажував последните три епизоди и сега повторно го велам: нешто мора да се смени, не може вака, чудо”, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвена Звезда потпиша важен договор за иднината на клубот

Црвена Звезда направи голем чекор за иднината на клубот со потпишување на договор со платф…