Дома Фудбал Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште една долга и напорна сезона.

Минатата сезона, откако помина 14 години во Реал Мадрид, се пресели во Милан, но на крајот “Росонерите” не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму поради тоа, на Сан Сиро се случија значајни промени, вклучувајќи го и ангажирањето на новиот тренер, Рубен Аморим.

Италијанските медиуми известуваат дека Аморим сака Модриќ да остане во тимот и следната сезона.

“Сакам Модриќ да продолжи, разговарав со Лука и… Ако ќе е потребно, лично ќе одам по него! Сакам да биде во Милан следната сезона”, изјави Аморим.

Да потсетиме, Аморим лани доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоа е тоа! Дембеле одлучи каде ја продолжува кариерата!

Пред неколку дена се појави информација дека Ал Хилал е сериозно заинтересиран за доведува…