Дома Останати Тенис Вимблдон го казни Ѓоковиќ!

Вимблдон го казни Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ одигра неверојатен меч во четвртфиналето на Вимблдон против Феликс Оже-Алијасим, но сега доби и казна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Седумкратниот шампион на најелитниот тениски турнир беше казнет поради „гласна вулгарност“, соопштија организаторите. Ѓоковиќ за овој инцидент ќе плати казна од 5.600 фунти.

Иако казната беше објавена за време на дуелот со Канаѓанецот, фактички се однесува на прекршокот во претходниот меч против Роман Сафјулин. Ѓоковиќ беше казнет откако неколкупати го повтори зборот „ср*ње“ поради која му беше изречена и опомена.

Ѓоковиќ го обезбеди своето место во полуфиналето на Вимблдон, каде што ќе се соочи со Јаник Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Eве што велат коефициентите: Ѓоковиќ е голем аутсајдер против Синер!

Седумкратниот шампион на Вимблдон ја носи улогата на аутсајдер пред дуелот со Јаник Синер …