Дома Фудбал Колумбијци го провоцираа Џака со српско знаме

Колумбијци го провоцираа Џака со српско знаме

Швајцарија беше последната репрезентација што си осигура Пласман во четвртфиналето на Светското првенство. По драматични пенали успеаја да ја победат Колумбија, а самата пенал серија беше исполнета со интересен момент.

Во Атланта немаше голови во текот на 120 минути фудбал, а одлуката за последниот четвртфиналист на Мундијалот беше донесена преку пенали.

Зад голот кон кој фудбалерите шутираа се појави знаме на Србија.

На социјалните мрежи ова се протолкува како обид за провокација на репрезентативците на Швајцарија, особено кон Гранит Џака.

Меѓутоа, никој од швајцарскиот тим не реагираше.

Швајцарија во четвртфиналето ќе се судри со Аргентина за место во полуфиналето на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас потпиша за Аталанта и веднаш испрати порака до навивачите! (Видео)

Елиф Елмас и официјално го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Аталанта. Македонскиот…