Дома Фудбал Меси: Ова што го постигна тимот е неверојатно

Меси: Ова што го постигна тимот е неверојатно

АРГЕНТИНА во осминафиналето на Светското првенство во Атланта направи неверојатен пресврт и славеше со 3:2 против Египет. Иако беше клучен играч во победата, Лионел Меси, во својот стил, после натпреварот сите заслуги ги припиша на тимот. Египет рано поведе, а проблемите за Аргентина се продлабочија кога во 21. минута ударот на Лионел Меси од белата точка го одбрани голманот Мостафа Шубир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога Египјаните го зголемија водството, изгледаше дека Аргентинците се пред елиминација. Меѓутоа, во завршницата на натпреварот следеше спектакуларен пресврт. Меси прво во 79. минута асистираше за првиот гол на Аргентина, потоа во 83. минута израмни, а Енцо Фернандез во 92. минута постигна гол за победа и пласман во четвртфинале.

Меси: “Докажавме дека никогаш не се откажуваме”

“Искрено, ова што го направи овој тим денес е неверојатно”, изјави Меси по натпреварот. “Успеавме да го вратиме резултатот од 2:0 во елиминациски натпревар на Светското првенство, особено со оглед на тоа како се одвива овој турнир, каде што никој не ти подарува ништо. Навистина е тешко да се пробие противникот и да се постигне гол.

Овој тим повторно покажа дека знае да се натпреварува, дека никогаш не се предава и дека се бори до самиот крај. Денеска ги отстранија сите сомнежи. Тоа е она што секогаш го покажуваат, борбеност до самиот крај.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колумбијци го провоцираа Џака со српско знаме

Швајцарија беше последната репрезентација што си осигура Пласман во четвртфиналето на Свет…