
Сензационалната елиминација на Бразил во осминафиналето од Светското првенство од селекцијата на Норвешка го развесели легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус (65). Поранешната ѕвезда го изрази своето незадоволство кон однесувањето на избраниците на Карло Анчелоти, со посебен акцент на првата ѕвезда на тимот – Нејмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во својата редовна колумна за германскиот “Скај”, Матеус не го штедеше напаѓачот на Бразил:
„Искрено се радувам на пропаста на Бразил. Тоа постојано кукање и гестикулации веќе не можам да ги гледам. Нејмар, наместо да изведе ефикасно пенал, и пред и по ударот се впушти во расправа со голманот. Со таквите гестови јасно покажува дека неговата лична суета е над тимскиот успех“, кажа тој.