Дома Фудбал Симеоне ги отвори картите: Мило ни е што има интерес, но тој не заминува од Атлетико

Симеоне ги отвори картите: Мило ни е што има интерес, но тој не заминува од Атлетико

Последниве денови во италијанските и шпански медиуми, се наведува дека Наполи е сериозно заинтересиран за доведување на хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко.

Во понеделникот, беше објавено дека фудбалерот на Атлетико побарал заминување од клубот, а Наполи како што се наведува издвоил 20 милиони евра.

„Шиме е фантастичен играч, а секако дека за таквите се интересираат екипите во Европа. Не радува што клубовите се заинтересирани за нашите играчи. Се е тоа нормално, а Врсаљко не побарал заминување од клубот“, истакна Диего Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …