Дома Фудбал Останато Уште една легенда се збогува: Бразилецот и става крај на својата богата кариера

Уште една легенда се збогува: Бразилецот и става крај на својата богата кариера

Бразилскиот чувар на мрежата, Жулио Цезар на крајот од оваа сезона ќе ја заврши својата кариера.

Сегашниот голман на Бенфика и своевремено еден од најдобрите светски голмани, освои повеќе од 30 трофеи. Само со Интер освои 12 титули, како Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, италијанското првенство и Суперкупот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кариерата во 1998. година ја започна во Фламенго, а потоа настапуваше за Интер, QPR, Торонто и Бенфика. Притоа бранеше за сите селекции на Бразил. Славата ја стекна во Фламенго, а потоа во Интер, каде во 2010. година ја освои тројната круна.

На двапати беше именуван за најдобар голман во италијанската Серија А, а еднаш и во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Карлос се огласи од болница по информациите дека имал срцев удар

Познатиот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) во последните денови на 2025 година итно …