Дома Фудбал Неверојатна агонија на Бразил против Европјаните! (Фото)

Неверојатна агонија на Бразил против Европјаните! (Фото)

Кога Бразилците во нокаут фазата на светските првенства на другата страна гледаат селекција од Европа, целосно “забораваат” како се игра фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова го покажува неверојатната статистика која трае од 2002 година, односно, полни 24 години, а ќе трае уште најмалку четири до следниот Мундијал.

Имено, елиминацијата на Бразил од Норвешка (1:2) е седма последователна на најтрофејната светска репрезентација од некоја европска екипа.

Откако Бразилците во 2002 година во финалето на СП во Јапонија и Јужна Кореја ги совладаа Германија со 2:0, трае низот кој сега веќе се претвори во агонија.

🇧🇷 Бразил сега ги загуби СИТЕ СЕДУМ нокаут натпреварувања на СП против Европски тимови од освојувањето на Светскиот куп во 2002!

❌ 2006 КФ 🇫🇷 Франција
❌ 2010 КФ 🇳🇱 Холандија
❌ 2014 ПФ 🇩🇪 Германија
❌ 2014 за 3-то место 🇳🇱 Холандија
❌ 2018 КФ 🇧🇪 Белгија
❌ 2022 КФ 🇭🇷 Хрватска
❌ 2026 Р16 🇳🇴 Норвешка— Фудбал Меетс Дата (@фмеетсдата) 5 јули 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…