Дома Фудбал Толку беше: Нејмар веќе нема да игра за Бразил, заминува како најдобар стрелец!

Толку беше: Нејмар веќе нема да игра за Бразил, заминува како најдобар стрелец!

Нејмар објави дека се повлекува од репрезентативната кариера по елиминацијата од Светското првенство.

Бразил загуби од селекцијата на Норвешка со резултат 2:1 во осминафиналето на Светското првенство. Единствениот гол за селекцијата на Бразил го постигна Нејмар од пенал во 10. минута на продолжението од второто полувреме.

Нејмар ја завршува репрезентативната кариера како најдобар стрелец во историјата на Бразил.

Триесет и четиригодишниот напаѓач постигна 80 голови во дресот на репрезентацијата, три повеќе од Пеле, и е втор во низата на играчи со најмногу настапи за Бразил.

Нејмар го носеше репрезентативниот дрес 130 пати, додека рекордер е Кафу со 142 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…