Дома Моторспорт Леклер побрз од Расел и Хамилтон на трката во Велика Британија

Леклер побрз од Расел и Хамилтон на трката во Велика Британија

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победникот на денешната трка од Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, со што го забележа првиот триумф по октомври 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леклер ја забележа својатa деветта победа во кариерата на патеката Силверстоун, а второто место го освои домашниот возач и член на Мерцедес, Џорџ Расел.

Третата позиција ја освои тимскиот колега на Леклер, Луис Хамилтон, четврти заврши актуелниот светски шампион од Мекларен, Ландо Норис, а петтото место му припадна на возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, додека неговиот тимски колега, Макс Верстапен, излета од патеката четири круга пред крајот, во моментот кога беше на третото место.

Водечки во генералниот пласман останува возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, со 179 бодови, кој денешната трка ја заврши на 16-тото место поради технички проблеми и казна од пет секунди поради пречекорување на границите на патеката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Решена е иднината на Верстапен, не оди никаде до 2030 година!

Иднината на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е веќе утврдена. …