Прашањето е дали Габонецот, Пјер Емерик Обамејанг ќе презими во Дортмунд, со оглед на сите извештаи на странските медиуми, и понудата од Челзи првенствено.
Обамејанг летово беше поврзуван со многу клубови, но Борусија го задржа, но набрзо е суспендиран од страна на клубот и веќе тогаш беше јасно дека нешто не функционира на релацијата, клуб-играч, и дека Обамејанг мора да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мирор пишува дека Борусија контактирала веќе некои великани, за да го понуди Обамејанг на некои од великаните во јануари. Челзи е заинтересиран за 28-годишниот фудбалер, а токму Дортмунд чукна на вратата на „Плавите“.
Мичу Бачуаи се повреди, Алваро Мората е единствената напаѓачка опција во тимот на Антонио Конте, па пристигнувањето на Обамејанг би било логичен потег на „Стемфорд Бриџ“, но има една работа – го посакува и Пеп Гвардиола. Сепак, напаѓачот е блиску до заминување од Борусија, иако својата класа ја покажува и оваа сезона, бидејќи во 19 натпревари постигна 17 погодоци.