
Баерн Минхен попладнево потврди уште едно засилување/p>
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако веќе имаат успешни потписи зад себе, баварците не мислат да сопрат тука.
Баерн сега ја зацврсти својата екипа со уште едно ново засилување, кое значајно ќе ја подобри тимската состојба за новата сезона.
Во петок, германскиот рекордер официјално објави дека германскиот репрезентативец Натанијал Браун, со 23 години, доаѓа од Ајнтрахт за 55 милиони евра.
Преговорите околу Браун задоцнија, бидејќи Баерн, според Скај, одолговлекувал и не успеа да ја затвори зделката целосно, иако со управата на Франкфурт веќе се беше договорено.
Договорот меѓу Баерн и играчот беше постигнат уште порано — Браун дури одби трансфер во Премиер лигата за да се приклучи на Баерн.
Интерес за Браун покажаа и Арсенал и Челзи, ама оваа двојка веднаш беше одбиена.
Со Браун, тренерот на Баерн, Винсент Компани, добива многуфункционално засилување кое му беше неопходно за позицијата бек.
Браун, започнал како лев бек, но може да игра и на десната страна од одбранбениот ред, а во Франкфурт, минатата сезона, дури помагаше и како крило.