Oфсајдот секогаш е важен дел од фудбалската игра. Шпанската „Марка“ сега направи интересно инстражување.
Реномираниот шпански медиум ги преброи офсајд позициите во кои се најдоа светските напаѓачи оваа сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Истражувањето покажа дека напаѓачите најмногу паѓаат во офсајд „стапици“ во Шпанија. Бидејќи првите три позиции им припаднаа на фудбалерите од Примера.
Апсолутен „крал“ во овој параметар е ѕвездата на Барселона, Луис Суарез (23), потоа го следат Мунир (Алавеш) и Хорхе Мулина (Гетафе) со по 20. Четвртото место го делат Тимо Вернер од Лајпциг, Роберто Инглезе од Киево, Серхи Енрих од Еибар и Луис Муриел од Севиља со по 18 офсајди…
Интересно е што првите три фудбалери кои водат на листата се во прилична криза со голови оваа сезона, а додека тоа не е чудно за Мунир Ел Хададо (еден погодок) и Хорхе Мулина (четири), чудно е што Луис Суарез противничката мрежа ја погоди само пет пати.
Во продолжение погледнете ја комплетната листа.
1. Луис Суарез (Барселона) 23
2. Мунир (Алавеш) 20
3. Хорхе Мулина (Гетафе) 20
4. Тимо Вернер (Лајпциг) 18
5. Роберто Инглесе (Киево) 18
6. Серхи Енрих (Еибар) 18
7. Луис Муриел (Севиља) 18
8. Енди Делор (Тулуз) 17
9. Никола Пепе (Лил) 16
10. Чиро Имобиле (Лацио) 16
11. Адам Нијан (Троа) 16
12. Адуриз (Атлетик Билбао) 16