Нова повреда во редовите на Челзи.
Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз ќе мора да оди на пауза поради повреда на коленото, потврди денес Антонио Конте.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Менаџерот на Челзи на конференцијата за медиумите пред натпреварот со Свонси потврди дека Бразилецот ќе мора да паузира некое време поради повреда на коленото.
„Давид Луиз заработи повреда на коленото и не е познато колку време не ќе можеме да сметаме на него“, изјави Конте.
Ова значи дека младиот Кристенсен ќе продолжи да игра како централен дефанзивец покрај Кејхил и Аспиликуета.
Да потсетиме Давид Луиз во текот на јануарскиот преоден рок би можел да направи трансфер во редовите на Реал Мадрид. Повеќе за ова ТУКА.