
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заврши со натпреварите на Светското првенство, откако во осмина-финалето загуби со 2:0 од САД, но овај настап останува како историски успех за нив. На своето второ значајно натпреварување, босанските фудбалери првпат се пласираа во нокаут фазата, што предизвика моќни емоции кај играчите и селекторот Сергеј Барбарез по судбоносниот натпревар во Сан Франциско.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Особено емотивен момент се случи по последниот свиреж на судијата. Селекторот Сергеј Барбарез најпрвин со играчите ги поздрави навивачите, а потоа на патот до соблекувалната го совладаа емоциите. Барбарез не можеше да ги сокрие солзите, кои беа истовремено знак на тага поради елиминацијата, но и голема гордост за постигнувањата на неговиот тим на ова натпреварување.
„Среќен сум иако денес е тажен ден“
Барбарез во солзи ја даде изјавата по натпреварот: „Кога ќе загубите, секогаш недостасува нешто. Имавме контрола врз натпреварот и примивме гол поради грешка. Во второто полувреме се обидовме со сè, но не успеавме. Момците заслужуваат пофалби.”
„Изразот на лицето покажува колку сум среќен иако денес е тажен ден. Тешко е да се повторат приказните од Велс и Зеница. Имаше неколку добри ситуации, но на крајот примиме гол од слободен удар. Тоа е спортот. Ги сакам сите овие луѓе што ни даваат поддршка, цела Босна и Херцеговина“, изјави селекторот на БиХ.