Дома Фудбал Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан активно трага по засилувања во одбраната овие денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан неодамна објави дека го доведе Гозало Рамош од Пари Сен Жермен за рекордна сума од 70 милиони евра, но интересот на „росонерите“ сега се насочува кон обезбедување нови имиња за одбраната.

Според денешното издание на „La Gazetta dello Sport“, сон на Златан Ибрахимовиќ е трансферот на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, во Милан. Иако првично ова изгледаше како нереално сценарио, откако предлогот на Ибра стигна до сопственикот на Милан, Џери Кардинале од „RedBird“, сега клубот сериозно размислува за оваа можност.

Ван Дајк влегува во последната година од договорот со Ливерпул, но тешко е да се поверува дека англискиот тим би се согласил да се раздели со својот капитен, дури и ако следната недела ќе наполни 35 години.

Меѓутоа, доколку во блиска иднина не добие нова понуда за договор од Ливерпул, не е исклучено да размисли за преселба во Милан.

Ливерпул не покажа интерес да го задржи Мохамед Салах по години верност, па ќе видиме какви одлуки ќе се донесат во однос на Ван Дајк. Милан внимателно го следи развојот на настаните на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…