Дома Фудбал Ливерпул го доби засилувањето од 60 милиони фунти!

Ливерпул го доби засилувањето од 60 милиони фунти!

Ливерпул официјално го потврди трансферот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, а се очекува новото засилување на англискиот тим да биде подготвено за почетокот на подготовките за новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот за трансфер беше постигнат уште во јануари, кога беше потпишан петгодишен договор со младиот репрезентативец на Франција.

Вредноста на трансферот е 55 милиони фунти, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси.

Жаке (20) брзо по постигнувањето на договорот се соочи со повреда на рамото, но успешно го заврши рехабилитацискиот период и моментно работи според индивидуален план за физичка подготовка.

Фудбалерите на Ливерпул ќе се соберат пред новата сезона на 14 јули, а на 20 јули заминуваат во Соединетите Американски Држави на предсезонска турнеја.

“Ова е голем сон за мене. Ова е голем клуб. Пресреќен сум. Кога ги гледам условите што клубот ги нуди, можам да се замислам овде. Се чувствувам добро и со нетрпение очекувам да започнам”, изјави Жаке.

Младиот стопер ги започна своите фудбалски чекори во младинската школа на Рен и забележа 33 настапи за францускиот клуб.

По пристигнувањето во Ливерпул, ќе конкурира за место во централниот дел на одбраната заедно со капитенот Вирџил ван Дајк, Џое Гомес и Џовани Леони.

Ливерпул ќе влезе во новата сезона со новиот тренер Антони Ираола, додека Ибрахим Конате летово го напушти клубот со истекување на договорот и премина во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан активно трага по засилувања во одбраната овие денови. Како ПАМЕТНО …