Дома Фудбал Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објавен неговиот трансфер од Челзи во Реал за сума од 55 милиони евра. Кукуреља е Каталонец и своите први фудбалски чекори ги направи во младинската академија на Барселона. Потоа замина во Хетафе, а потоа и во Англија.

Пред четири години, Брајтон го продаде на Челзи за 65 милиони евра. За Челзи одигра 163 натпревари, постигна девет гола и асистираше за 13. Сега, на Светското првенство, одигра целосна минутажа во првите три натпревари на Шпанија во групната фаза и го очекува утрешниот меч против Австрија во првата нокаут рунда.

Кукуреља во Америка за мадридскиот Ас избираше фаворити меѓу понудените играчи. Имаше серија дуели, меѓу кои и оној помеѓу Меси и Модриќ. Новото засилување на Реал го избра играчот на Барселона наместо легендата на нивниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е некој нов Хулијан Алварез – донесе интересна одлука!

Поразот од Билбао многу ги заболе во Мадрид. Атлетико се наоѓа во проблеми, а во центарот …