Дома Останати Тенис „Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се развивала неговата кариера ако не беше 2005 година кога дозна дека има ретка болест. Дека има Милер-Фишеров синдром и дека единствениот лек за тоа е операција. Плачеше по цели денови, беше целосно уништен, мислеше дека кариерата му е завршена… Го отвори срцето за сето тоа во својот документарец кој беше емитуван на Нетфликс. Сѐ почна од финалето на Мастерсот во Мадрид во 2005 година кога победи Иван Љубичиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во четвртиот сет почувствував дека нешто ‘пукна’ во ногата. Мислев дека не е ништо сериозно, бидејќи можев да го продолжам мечот без многу проблеми. Не му дадов големо значење, мислев дека ќе помине по неколку дена одмор”, почна Рафа.

Веднаш отиде Рафа кај својот доктор Анхел Руиз Которо, но ни тој не знаеше веднаш во што е проблемот.

Направивме различни тестови и видовме дека повредата е идентична како првиот ден. Сфативме дека се работи за хроничен проблем и откривме дека е Милер-Фишеров синдром. Тоа е многу ретка болестСобравме сите можни податоци и насекаде видовме дека ниту еден врвен спортист не го имал тој проблем. Потоа се консултиравме со специјалистот за таа болест доктор Масеира. Ми ја објаснија целата процедура, изгледаше многу комплицирано, ќе требаше да ја сечат коската, да менуваат позиција на стапалото. Доктор Масеира ми рече дека можеби никогаш повеќе нема да можам да играм професионален тенис. Мојот свет тогаш се распадна. Бев уништен, плачев… Мојот татко е многу позитивна личност, доаѓаше да ме утеши”, објасни Которо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…