
Френк Лампард ќе го води Ковентри и во наредните години, откако ја продолжи соработката со клубот по фантастичната сезона во која го врати тимот во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот репрезентативец на Англија го презеде Ковентри во ноември 2024 година, кога тимот беше на само 17. место во Чемпионшип. Веќе во првата сезона успеа да го однесе до плејофот, а следната сезона ја освои титулата во Чемпионшип и го обезбеди враќањето на клубот во елитата на англискиот фудбал по цели 25 години.
Ваквите резултати привлекоа внимание од бројни премиерлигаши, па Френк Лампард се поврзуваше со Кристал Палас и Фулам. Сепак, 48-годишниот стручњак одлучи да му остане лојален на клубот од Мидлендс и да потпише нов договор.
Во текот на својата играчка кариера, Френк Лампард ги носеше дресовите на Вест Хем, Свонси, Челси, Манчестер сити и Њујорк сити. Како легенда на Челси, остана запаметен како најдобриот стрелец во историјата на лондонскиот клуб, а подоцна ги водеше и Дерби Каунти, Евертон и токму Челси.
„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Голема чест е да го претставувам овој клуб. По неверојатната работа на сите во клубот која доведе до пласман во Премиер лигата и освоеното прво место во Чемпионшип, беше важно да го уживаме во тој момент, и како град навистина го сторивме тоа“, рече Лампард.