Дома Останати Кошарка ЛеБрон Џејмс заминува од Лејкерс!

ЛеБрон Џејмс заминува од Лејкерс!

Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката, ЛеБрон Џејмс, ова лето ќе ги напушти Лос Анџелес Лејкерс и кариерата ќе ја продолжи во друг НБА клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста која одекна во кошаркарскиот свет дојде од најпознатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој објави дека Џејмс веќе ги известил Лејкерс дека нема да ја продолжи соработката со франшизата од Лос Анџелес.

Иако во декември ќе наполни 42 години, ЛеБрон не размислува на пензија.

Напротив, легендарниот Американец одлучи да ја одигра својата 24. НБА сезона, со што дополнително ќе го продолжи рекордот по бројот на одиграни сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Според зборовите на извршниот директор на Клач Спортс, Рич Пол, Џејмс од почит кон Лејкерс на време го известил клубот за својата одлука.

На тој начин раководството на франшизата можеше без него да го планира преодниот рок и составот на екипата за новата сезона.

Според достапните информации, Лејкерс сакале да го задржат својот најголем играч од последниве години.

Сепак, Џејмс одлучи дека е време за нов предизвик по осум години поминати во Лос Анџелес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонец ќе го предводи нападот на ПАО од следната сезона

Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона бе…