Дома Фудбал Неверојатно: Холандија во регуларно време на Мундијал последен пат загубила пред 20 години!

Неверојатно: Холандија во регуларно време на Мундијал последен пат загубила пред 20 години!

Фудбалската репрезентација на Холандија е елиминирана од Светското првенство во фудбал кое се одржува во Америка, Канада и Мексико, а со оваа селекција е поврзан еден фасцинантен факт.

Имено, за чудо, последен пат Холандија загубила натпревар на Мундијал во регуларни 90 минути далечната 2006 година.

Оттогаш, Холандија пропуштила само едно Мундијал – оној во Русија, и нема пораз во регуларни 90 минути, иако од тогаш има одиграно 23 натпревари на светските првенства.

Во 2006 година, Холандија во осминафиналето загуби од Португалија со 1:0 по 90 минути игра, а по тој натпревар започна неверојатен серијал кој ќе продолжи и по ова првенство.

Популарните “Лалиња“ во 2010 година на првенството во Јужна Африка ги добија сите натпревари во групната фаза (против Данска, Јапонија, Камерун), а потоа во нокаут фазата ги победија Словачка, Бразил и Уругвај, додека во финалето загубија од Шпанија со голот на Иниеста во продолженијата.

На Мундијалот во Бразил 2014 година, Холандија стигна до полуфиналето, ги совлада Шпанија, Австралија, Чиле и Мексико, потоа во четвртфиналето по многу драма и пенал-рулет ја победија Костарика, а од Аргентина испаднаа на пенали. Следеше победа над Бразил во борбата за третото место.

На Светското првенство 2018 година Холанѓаните не се квалификуваа, а четири години подоцна во Катар беа победници против Сенегал и Катар во групната фаза, како и ремизираа со Еквадор.

Во почеток на нокаут фазата ги совладаа Соединетите Американски Држави, а по тоа пак загубија против Аргентина на пенали.

Синоќа на пенали испаднаа и од Мароко, така што овој нивни серијал ќе биде активен барем уште четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: „Овие резултати се дел од процесот, составот и измените беа целосно моја одговорност“

Јирген Клоп ги коментираше последните резултати и призна дека одлуките околу составот и на…