
Aмериканката Аманда Анисмова сепак беше пресилна за Лина Ѓорческа која во своето деби на грен-слем турнирите загуби со 2-0 во сетови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во мечот кој се играше на вториот терен Анисмова го покажа својот квалитет и доминираше од самиот почеток.
Ѓорческа пружи колку-толку отпор во првиот сет, меѓутоа не доби ниту една прилика за брејк, а сервисот го загуби во четвртиот гем кога Анисмова поведе со 3-1. До крајот со сигурна игра поведе 1-0.
Вториот сервис донесе уште поголема доминација на фаворитката која двапати го освои сервисот на нашата тенисерка и со 6-2 го приведе мечот кон крајот.