Дома Фудбал Неверојатни детали: Никој во Германија не сакал да го шутира последниот пенал! (Видео)

Неверојатни детали: Никој во Германија не сакал да го шутира последниот пенал! (Видео)

Џонатан Тах стана трагичар на Германија откако промаши клучен пенал во натпреварот против Парагвај. Промашувањето не е некое изненадување со оглед на тоа што дефанзивецот на Баерн никогаш во својата кариера не изведувал удар од 11 метри, но она што се случуваше непосредно пред неговото изведување е вистинска бламажа за некогаш ладнокрвната германска репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако промаши одлучувачки пеналТах е најмалкиот виновник што Германија испадна од Светското првенство. Овој дефанзивец никогаш претходно не изведувал удар од белата точка, а сега беше присилен да го стори тоа.

Причината е неверојатна. Никој од неговите останати соиграчи немаше храброст да тргне кон топката. Тах не можеше да поднесе да го гледа тоа и реши самиот да преземе одговорност.

“По изедначувањето на 3-3 во пенал серијата и откако Мануел Нојер одбрани удар, никој не посака да го изведе шесттиот пенал за Германија,” се истакнува и продолжува:

“Леон Горецка, Валдемар Антон, Натанјел Браун и Малик Тиау се двоумеа и избегнаа да шутираат поради огромниот притисок. Тах кој никогаш претходно во кариерата не изведувал пенал, презеде одговорност и промаши.”

“Само тој имаше храброст да шутира”, беше коментарот на германскиот навивач за оваа ситуација.

Парагвај го искористи третиот удар за победа и се пласираше во најдобрите 16 селекции во светот. Германците се враќаат дома, а за нив ова е апсолутна катастрофа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропадна трансферот на Манчестер сити од 140 милиони евра

Енцо Мареска практично ги намали шансите Манчестер Сити денес да го исполни ултиматумот на…