Дома Фудбал Нагелсман за поништениот гол на Германија: Целосен скандал

Нагелсман за поништениот гол на Германија: Целосен скандал

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Германија неочекувано беше исфрлена од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Јужноамериканскиот тим триумфираше по пенал-серија (1:1, 4:3), а трагичар беше стоперот Јонатан Тах кој во шестата серија утна пенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно, Каи Хаверц и Ник Волтмајде исто така промашија од белата точка, но неточните удари на Антонио Санабрија и Фабијан Балбуена накратко ја вратија Германија во натпреварот. Најинтересните моменти од натпреварот погледнете ги ТУКА.

Нагелсман: Подготвен сум да продолжам

По горчливите промашувања на Јонатан Тах, Ник Волтмајде и Каи Хаверц на пенал-линијата, селекторот Јулијан Нагелсман се најде пред предизвик. На прашање за својата иднина, за MagentaTV изјави: “Не, тоа не зависи од мене. Подготвен сум да продолжам ако тоа го бараат. Ако не, мора да ми кажат.” За ZDF додаде дека разочарувањето е огромно, но дека тој сè уште е на располагање.

Каи Хаверц беше брутално искрен. “Немам многу да кажам, останав без зборови. Ова ми е второ Светско првенство и двата пати не успеавме,” изјави за ZDF и додаде: “Последните турнири не донесоа ништо. Единствено што можам да кажам е: Извинете. Навистина сме сите разочарани. Страшно е повторно сите да ги изневериме.”

Германија изедначи во 54. минута, кога Хаверц со својот трет гол на турнирот го неутрализираше водството на Парагвај кое го обезбеди Хулио Енцисо во 42. минута. Сепак, до победничкиот гол не успеаја да дојдат ниту во регуларниот дел, ниту во продолженијата.

Најблиску беа во 102. минута, кога голот на Јонатан Тах беше поништен по интервенција на ВАР, поради прекршок. “Целосен скандал”, рече Нагелсман по натпреварот. Стручниот судиски аналитичар на ZDF, Торстен Кинхофер, одлуката ја нарече “апсолутно неразбирлива”. Ситуацијата можете да ја видите ТУКА од 6:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна сцена на СП: Навивач на Аргентина го загуби паричникот, а потоа цел стадион почна да го скандира неговото име! (ВИДЕО)

Аргентина ја заврши групната фаза со максимален учинок и делува како еден од главните фаво…