Дома Фудбал Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Петкратниот светски шампион Бразил е вториот тим што се пласираше во осминафиналето на Светското првенство 2026.

На јужноамериканците им беше потребен целосен пресврт за да ја елиминираат Јапонија со победа од 2:1 во натпреварот од 1/16 финалето одигран во Хјустон.

“Сините самураи” изненадувачки поведоа преку Кајшу Сано (29’), но Каземиро (56’) израмни, а длабоко во додаденото време “златната резерва” Габриел Мартинели (90+5’) го постигна победничкиот гол.

Така, во следната фаза “Селесао” ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка, кој ќе се одигра во вторник навечер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…