Дома Фудбал Шкендија доведе големо засилување, пристигна крило од Косово!

Шкендија доведе големо засилување, пристигна крило од Косово!

Шкендија го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, откако тетовскиот клуб потврди дека Алмир Криезиу е нов член на шампионскиот состав. Дваесет и седумгодишниот крилен напаѓач стави потпис на двегодишен договор, откако претходно успешно ги мина задолжителните медицински прегледи.

По официјалната промоција и првите обврски како нов фудбалер на Шкендија, Криезиу веднаш замина за Словенија, каде што екипата ги одработува летните подготовки, со цел што побрзо да му се стави на располагање на стручниот штаб.

Новиот играч на тетовци доаѓа од косовоското првенство каде што во дресот на Балкани имаше солидни настапи и за него според информнациите имало интерес од повеќе клубови. Исто така за него ова ќе биде прв ангажман надвор од Косово.

Така Шкендија очекува во наредната сезона да биде големо засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот голман на Јувентус пристигна на лекарски прегледи!

Јувентус брзо пронајде решение за проблемот на голманската позиција, бидејќи добро познато…