
Никола Јокиќ и наредната сезона ќе игра за Денвер Нагетси, но неговиот најпознат соиграч Џамал Мареј можеби нема да биде дел од тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањата на медиумите во САД, сериозно се разгледува голема размена помеѓу тимот од Колорадо и Бостон Селтикс.
Во Денвер треба да пристигнат ол-стар бекот Џејлен Браун и крилото Сем Хаузер, додека во најтрофејната франшиза во историјата на НБА треба да завршат Џамал Мареј и Кам Џонсон.
На крајот на изминатата сезона, Џош Кренке, сопственикот на Нагетс, истакна дека единствено Никола Јокиќ е недопирлив, додека за сите останати играчи ќе се разгледуваат понуди.
Тоа значи дека и Џамал Мареј можеби е на маса за размена. Од 2017 година, токму со Јокиќ тие создадоа еден од најпознатите тандеми во лигата и го водеа тимот до титулата во 2023 година, единствената во историјата на франшизата.
Иако имаше одлична регуларна сезона, Мареј повторно не успеа да ја искористи својата форма за време на плејофот, што предизвика мислење во Денвер дека е потребна промена.
Веќе се дискутира кој би добил повеќе од оваа размена, бидејќи Браун е еден од најдобрите бекови во лигата. Минатата сезона имаше просек од 28,7 поени, 6,9 скокови и 5,1 асистенција, што се импресивни показатели.
Фактот дека тема е сериозно разгледувана во американските медиуми укажува дека приказната има цврсти основи.
Bill Simmons’ Nuggets-Celtics trade proposal 👀
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) June 29, 2026
Jamal Murray + Cam Johnson for Jaylen Brown + Sam Hauser
“There’s a lot of smoke billowing around Denver in general. Some I believe some I don’t believe.” pic.twitter.com/5NgD2feAwR