Дома Фудбал Селекторот на Норвешка го објасни потегот којшто ја шокираше планетата

Селекторот на Норвешка го објасни потегот којшто ја шокираше планетата

Селекторот на Норвешка Стале Солбакен објасни дека одлуката да излезе со речиси целосно изменет состав против Франција на Светското првенство беше донесена исклучиво за претстојната елиминациска фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата по натпреварот, тој истакна дека главната цел била екипата да ја зачува свежината за дуелот со Брегот на Слоновата Коска.

Норвешка во последното коло од групната фаза загуби од Франција со резултат 4:1, а Солбакен ги одмори дури десетина стандардни првотимци, меѓу кои беа и Ерлинг Халанд и капитенот Мартин Едегард.

Французите веќе во првото полувреме создадоа голема предност, предводени од Усман Дембеле кој постигна хет-трик.

Солбакен нагласи дека одморот за важните играчи беше планиран потег поради густиот распоред.

„Најважно е да ги наполниме батериите. Имавме најкраток одмор меѓу две натпревари на турнирот, а нов натпревар не очекува веќе за четири дена. Единствен аргумент против оваа одлука е што навивачите не можеа да ги видат Ерлинг Халанд и Мартин Едегард, но ако мислевме само на тоа, нашиот пат на Светското првенство немаше долго да трае. Овде сме за да одиме што подалеку“, порача селекторот на Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…