Дома Тенис Познато против кого ќе игра Ѓорческа ако направи сензација во првото коло

Познато против кого ќе игра Ѓорческа ако направи сензација во првото коло

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не доби поволен ждреб за настапот на Вимблдон, откако во првото коло ќе се соочи со една од најсилните носителки, Аманда Анисимова.

Американката, која минатата година стигна до финалето на престижниот грен слем турнир, влегува како изразен фаворит против македонската претставничка. Сепак, евентуален триумф на Ѓорческа би претставувал голема сензација и би ѝ отворил можност за дуел со победничката од мечот меѓу Петра Марчинко и Медисон Кис.

Според актуелниот пласман на Женска тениска асоцијација, Кис е 27. тенисерка во светот, додека Марчинко се наоѓа на 51. место, што ја прави Американката фаворит и во тој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се лизна на 12. место, Зверев ја обезбеди годината на врвот

Новак Ѓоковиќ загуби уште една позиција на АТП-листата, додека Александар Зверев веќе е не…