Дома Фудбал Останато Несудениот Каталонец знае зошто Дембеле се повредил и тврди дека направил грешка

Несудениот Каталонец знае зошто Дембеле се повредил и тврди дека направил грешка

Познато е дека Барселона во текот на летото се обидуваше да го доведе фудбалерот на Ница, но на изненадување на сите кога се беше договорено Ница се откажа од трансферот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Секако станува збор за Жан Мишел Сери кој тогаш пропушти неколку важни натпревари за својот клуб поради се што се случуваше и очигледно тој самиот себе во тие моменти се гледаше во Барселона.

Сепак, Сери сега тврди дека не му е жал што кариерата не ја продолжил во Барселона бидејќи како што кажува тој сфатил многу работи кои со себе ги носи играњето во Барселона.

Сери сфатил колкав е притисокот да се носи дресот на Барселона, а потоа зборуваше и за трансферот на Осман Дембеле од Дортмунд и порача дека младиот француски напаѓач направил грешка со трансферот во Каталонија.

„Тој е премногу млад фудбалер кој нема изградено свој став да каже нешто. Не беше добро информиран за состојбата во Барселона и донесе погрешна одлука. Кога за вас ќе платат толкава сума тогаш имате огромен притисок. Се повреди веднаш на почетокот, а верувам дека тоа не би се случило да не беше под тој притисок“, изјави Сери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски по поразот: Оставете ги фудбалерите, јас ја преземам одговорноста!

По убедливиот пораз од Турција и четирите примени погодоци без постигнат гол, селекторот н…