
Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иако клубот веќе му има обезбедено четири засилувања на новиот тренер – Кукурела, Бернардо Силва, Конате и Думфрис – работата не е завршена. Раководството сега е фокусирано на продавање играчи за да се ослободи простор за уште двајца играчи кои ги бара португалскиот експерт: стопер и играч од средниот ред способен да ја организира играта, со профил сличен на Лука Модриќ, за што Мурињо веќе има свои кандидати, пишува Марка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со Реал Мадрид веќе извесно време се поврзуваат имињата на Енцо Фернандез и Матеус Фернандес. Во случајот на аргентинскиот играч од средниот ред, трансферот е финансиски многу тежок и би надминал 100 милиони евра, иако станува збор за играч кој му е по вкусот на Мурињо.
Ниту доведувањето на Португалецот не би било евтино, и покрај испаѓањето на неговиот Вест Хем во понизок ранг. За него се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, особено Манчестер Јунајтед и Тотенхем, што би ја комплицирало зделката и ја би ја зголемило цената на околу 80 милиони евра.
На листата на можни цели неодамна се приклучи и Ајуб Боади, по добрите настапи на Светското првенство. Иако моментално не е првата опција, познато е дека Мадрид внимателно ги следи големите натпреварувања во потрага по играчи кои прават разлика.
Неговото доаѓање би било инвестиција во иднината и финансиски поприфатлива опција околу 60 милиони евра, но за мароканскиот репрезентативец кој игра во Лил се заинтересирани и други европски гиганти. Од друга страна, чини се дека од комбинациите е отпаднат Мортен Хјулманд, играч од средниот ред на Спортинг, кој е повеќе дефанзивно и физички ориентиран играч.