Дома Фудбал Силекс се засили со тандем босански напаѓачи!

Силекс се засили со тандем босански напаѓачи!

Екипата на Силекс ги потврди првите две засилувања за новата сезона, а станува збор за двајца напаѓачи од Босна и Херцеговина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во кратовскиот тим пристигнуваат 27-годишниот Нихад Шеро и 24-годишниот Есмир Хасукиќ, од кои се очекува да донесат погодоци во претстојната сезона, во која Силекс ќе има високи амбиции.

Шеро, кој игра на крилните позиции во нападот и доаѓа од екипата на Челик Зеница, додека Хасукиќ е централен напаѓач и пристигнува од ГОШК Габела.

Од нив се очекува да ја пополнат празнината по заминувањето на Португалецот Пиреш, кој беше најдобар стрелец на кратовскиот состав минатата сезона, по што одлучи да ја продолжи кариерата во Вардар.

Двајцата нови фудбалери веќе им се приклучија на подготовките што Силекс ги спроведува во Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не планира да запре по рекордите: Сакам да играм и на следното Светско првенство!

Лионел Меси се врати во репрезентацијата за настап на тековното Светско првенство, откако …