Дома Фудбал Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен начин, пред уште да заврши групната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Благодарение на вистинска голеада на терените во Северна Америка, во одиграните досега 45 натпревари веќе се постигнати рекордни 137 гола. Ова значи дека тековниот Мундијал станува најрезултатен во историјата на групните фази, рушејќи ги досегашните стандарди за ефикасност во претходните изданија на турнирот.

Досегашниот рекорд за најмногу постигнати голови во групната фаза беше од Светското првенство во Бразил во 2014 година, кога беа реализирани 136 гола, но за вкупно 48 натпревари. Важно е да се направи една забелешка – тековното Светско првенство се одржува во целосно нов формат со повеќе тимови (48) и соодветно многу повеќе натпревари во програмата, што го прави вакво количество голови сосема логично и очекувано со напредувањето на турнирот.

Ако погледнеме кон вечната статистика за најрезултатно Светско првенство воопшто, врвното достигнување го држат заедно Франција 1998 година, Бразил 2014 година и Катар 2022 година, каде што беа постигнати вкупно по 172 гола за сите турнири. Имајќи предвид дека во годинешното издание претстојат да се одиграат уште десетици натпревари, вклучувајќи ја и целосно новата фаза на 1/16-финаловите и последователните елиминации, апсолутниот рекорд од 172 гола е само на 35 погодоци растојание. Сè укажува дека тој не само што ќе биде подобрен, туку буквално ќе биде срушен во следните недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …