Дома Фудбал Tрансферот на Кукуреља предизвика хаос: Додека тој е на СП, неговата сопруга добива смртни закани!

Tрансферот на Кукуреља предизвика хаос: Додека тој е на СП, неговата сопруга добива смртни закани!

Трансферот на шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља од Челси во Реал Мадрид предизвика огромна бура на реакција, а го надмина обичниот спортски контекст. Според португалскиот весник А Бола и шпанските медиуми, сопругата на фудбалерот, Клаудија Родригез, стана мета на неверојатни навреди и закани со смрт на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Непријатностите се случија во текот на Светското првенство, по објавата дека Кукуреља ја напушта англиската престолнина за да се приклучи на тимот предводен од Жозе Мурињо стана вест која одекна насекаде. Дополнително масло на огнот доли неговата избраничка, која среќно го поздрави трансферот на социјалните мрежи, откривајќи дека уште од детството навивала за „кралскиот клуб”. Ова ги разбесни особено навивачите на Барселона, бидејќи фудбалерот потекнува од нивната позната академија, Ла Масија.

Кукуреља неодамна ја коментираше ситуацијата и незадоволството на дел од навивачите, истакнувајќи ја исправноста на својата одлука да потпише договор со Реал до 2032 година:

“Тешко е да се каже ‘не’ на Реал Мадрид. Тоа беше правилна одлука за мене.”

Клаудија Родригез подетално објасни како дознала за понудата која им ја променила животот, а раскажа и за својата долгогодишна приврзаност кон клубот на нејзиниот маж:

“Претставници не контактираа преку видео повик и ни кажаа дека постои понуда од Реал Мадрид, а клубовите се веќе договорени.”

Таа не се сокри дека трансферот во Мадрид лично ѝ значи многу, а откри нешто подоцна дека и таа и нејзиниот сопруг добиле закани поради целата ситуација.

“Секогаш сум навивала за Реал Мадрид и никогаш тоа не сум го прикривала. Во моето семејство ме научија да го сакам Реал Мадрид. Сепак, кога започнав врска со Марко, се сменија работите, бидејќи секогаш ќе го поддржувам тимот во кој тој игра.”

Иако состојбата надвор од теренот е максимално напната, Кукуреља успеа да го задржи фокусот на играта, бележајќи одлични настапи со шпанската репрезентација на Мундијалот, комплетно изолиран од притисокот што неговото семејство го чувствува на мрежите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…