
Лионел Меси продолжува да пишува историја, откако со нови негови голови тимот на Аргентина забележа втора победа на Мундијалот и се пласира во осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој пат великиот напаѓач ги постигна двата погодоци за успехот со 2:0 против Австрија во меч од групата “Ј”. Со првиот погодок тој постави нов рекорд за дадени голови на мундијали, а со вториот го подобри до 18.
Тој беше прецизен во 39-тата минута, а потоа во последните секунди од додаденото време. Освен тоа, Лео пропушти пенал уште при 0:0 во деветтата минута. Вкупно на турнирот тој веќе има пет по хет-трикот против Алжир.
Во првиот круг од елиминациите светски шампиони речиси сигурно ќе се соочат со вториот од групата на Шпанија и Уругвај. Пред тоа, на аргентинците им останува дуел против Јордан на 28 јуни во 05:00 часот наутро по македонско време.