Дома Фудбал Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Светското првенство и веќе го обезбеди преминот во следната фаза на натпреварувањето, но после победата над Брегот на Слоновата Коска, голема вознемирувачка вест ја потресе селекцијата на Јулијан Нагелсман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главниот стопер Нико Шлотербек претрпе сериозна повреда во средбата што заврши со резултат 2:1 за Германците, што ќе го спречи да ја продолжи својата улога во репрезентацијата во текот на турнирот.

Германскиот дефанзивец мораше да го напушти теренот уште на полувреме, при што првичните реакции укажуваа на сериозен проблем.

По деталните медицински прегледи, најлошите сценарија се потврдија. Шлотербек има скинати лигаменти на зглобот на ногата, што значи дека неговото учество на Светското првенство е завршено.

Според првичните проценки на лекарскиот тим, периодот на рехабилитација ќе трае најмалку два месеца.

Оваа повреда претставува сериозен удар за германската репрезентација пред елиминационата фаза на натпреварувањето.

По отсуството на Шлотербек, Јулијан Нагелсман на располагање има само тројца здрави централни дефанзивци – Јонатан Тах, Антонио Рудигер и Малик Тиау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го враќа Мареска, Челси ќе добие 20 милиони евра

Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареск…