Дома Фудбал Аларм во француската репрезентација

Аларм во француската репрезентација

Во француската репрезентација се запали алармот поради здравствените проблеми на Орелиен Чуамени пред нивниот втор натпревар на Светското првенство. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид не можеше да учествува во тренингот со остатокот од тимот пред натпреварот против Ирак во Филаделфија. Иако официјалната причина за неговите проблеми не е објавена, фактот дека го пропушти последниот тренинг пред натпреварот речиси го исклучува од можноста да игра, пишува AS.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изборникот Дидие Дешамп се обиде да ја намали загриженоста околу ситуацијата. “Остана во теретана, возеше велосипед и беше на третман кај физиотерапевт. Во принцип, нема причина за паника”, изјави Дешамп на прес-конференцијата, објаснувајќи го неговото отсуство како дел од ротацискиот план на играчите поради замор од крајот на сезоната.

“Станува збор за управување со тимот. Не можат сите играчи, вклучувајќи ги и оние 11 што ја започнаа првата средба, да играат на секој натпревар. Сметам дека во својот тим имам дваесетина играчи кој може да се сметаат за првотимци, но за жал, на теренот може да има само 11. Затоа, да, ќе морам да правам промени”, заклучи францускиот изборник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…