Дома Фудбал Јамал: Во секој натпревар Меси докажува дека е најголемиот фудбалер во историјата

Јамал: Во секој натпревар Меси докажува дека е најголемиот фудбалер во историјата

Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал, го коментираше историскиот настап на Лионел Меси во првиот натпревар на осумкратниот добитник на “Златната топка” на Мундијал 2026. Аргентинецот постигна хет-трик, освојувајќи многу рекорди, и беше главниот виновник за летечкиот старт на “албиселесте”.

“Хет-трикот на Меси? Во секој натпревар во кој игра, тој докажува дека е најголемиот фудбалер во историјата. Ако некој сè уште има сомнежи, тоа е само затоа што намерно ги бара. Мојот идол е Нејмар поради неговиот стил на игра, но Лео е најдобар на сите времиња”, изјави Јамал за RTVE.

Ѕвездата на Барселона го коментираше и сопственото здравје, признавајќи дека сè уште е рано да игра цел натпревар. Тој се појави во играта во 71. минута при разочарувачко реми со Кабо Верде.

“Сè уште е рано да играм цел натпревар, но можам да започнам и да останам на теренот толку минути колку што сака тренерот. Се чувствувам многу добро и со нетрпение го очекувам следниот натпревар. Бев надвор од терен долго време, но се чувствувам многу добро. Тоа што треба да го направам е да се обидам да дадам максимумот. Секако, размислував за Светското првенство кога бев повреден, но лекарите ме смирија и за среќа, еве ме тука”, додаде Јамал.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…