
Решението на Нико Пас да остане во Комо во сезоната 2026/2027 предизвика незадоволство во Реал Мадрид, бидејќи шпанскиот гигант сака аргентинецот да се врати на „Бернабеу“, освен ако клубот од Серија А не плати 60 милиони евра, пишува италијанскиот весник „Кориере Дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претходно оваа недела, шпанскиот „АС“ објави дека Пас решил да остане во тимот на Комо уште една година, имајќи предвид дека Реал Мадрид ангажира неколку искусни играчи, вклучувајќи го и Бернардо Силва, што ќе ја зголеми конкуренцијата за почетно место во средниот ред за следната сезона.
Во моментов, италијанскиот тим и Реал продолжуваат со преговорите за да ја утврдат најдобрата формула за трансферот. Мадридистите сè уште имаат опција да го вратат фудбалерот до 2027 година и го предупредиле Комо дека единствениот начин да го задржат Пас трајно е да платат 60 милиони евра.
Во исто време, Нико Пас е дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство. Врзниот играч го замени најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, при победата над Алжир и одигра десетина минути за „албиселестес“.