Дома Фудбал Официјално: Ливерпул со прв трансфер под водство на Ираола

Официјално: Ливерпул со прв трансфер под водство на Ираола

Ливерпул го објави ангажманот на шпанскиот репрезентативец Виктор Муњос од Осасуна.

Поранешниот англиски шампион ја активира клаузулата за откуп на играчот од 40 милиони евра, а неговиот договор важи до 2032 година. Од “Енфилд” нагласуваат дека е потребно играчот да добие работна виза.

Реал Мадрид, од каде ја започна кариерата, ќе добие половина од тие 40 милиони евра поради клаузула во договорот. Тимот од Мерсисајд ќе ги исплати во две рати.

Муњос може да игра и на крило, како и зад централниот напаѓач.

22-годишниот офанзивен играч е првото засилување на Ливерпул по доаѓањето на новиот менаџер Андони Ираола. Муњос беше блиску до трансфер во Њукасл, но на крајот “црвените” беа побрзи во преговорите.

Минатата сезона Муњос одигра 36 натпревари за Осасуна, постигнувајќи 7 голови и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претходната година го посрамоти Меси, синоќа му се приближи и му подаде рака, а потоа следеше тотален хаос (Видео)

Интер Мајами синоќа ја освои Campeones Cup на крилата на неверојатниот Лионел Меси, а токм…